Нормална големина на буквите Зголеми ги буквите Зголеми ги буквите Испечати ја оваа страница

Сектор за музичко концертна дејност

Организатор на сите музичко концертни програми и активности во Центарот, а кој за постојани активности ги има:

1. Хор Деница
Хорот ,,Деница,, е постојан субјект во делокругот на музичко сценската активност- сектор и на програмските активности во Центарот за култура - Струмица. Тој е дел од програмите кои се организираат не само во Центарот за култура туку и другите културни случувања во градот.
Редовно  учествуваат на домашни и интернационални фестивали, од каде често се враќаат со освоени награди. Од гостувањата во странство, ги издвојуваме: учество на меѓународен хорски фестивал ,,Проф. Горги Димитров,, во Варна, Бугарија, (освоено четврто место), веќе редовно гостување и настап со своја програма на универзитетот ,,Аристотел” во Солун, Р Грција, учество на манифестација во градот Мелник, Р.Бугарија и други.

2. КУД Боро Џони
Во делот на програмските активности поврзани со негување на традиционалниот македонски фолклор, во Центарот за култура Антон Панов Струмица, работи и со години успешно опстојува КУД "Боро Џони",кој со своите 34 фолклористи и 6 музичари се презентери на народното фолклорно богатство. Обучувајќи и внесувајќи ги во уметноста на фолклорните игри и традиционални кореографии,и бројните ново запишани членови,тие напорно се и дел од повеќето програмски активности на Центарот за култура.
За време на своето постоење и работа остваруваат бројни настапи во земјата и во странство(Германија,Украина,Данска,Турција,Полска и т.н)

3. Староградски ансамбл Распеани Струмичани
Староградскиот ансамбл ,,Распеани Струмичани,, постои и работи во Центарот за култура со години. Опстојува во својата програма и настани, повеќе како резултат на ентузијзмот и залагањето на членовите и раководството на Центарот, со минимум расположиви финансиски сретства. Негува еден значаен сегмент од традиционалното музичко и културно живеење на нашиот народ, зачувувајќи ги низ годините звуците, обичаите ,обележјата и навиките на населението од овој крај. Повеќе пати гостуваат на манифестации во земјата и странство и имаат издадена аудио и видео касета со својот репертоар.

4. КУД Русалии
Во делот на програмските активности поврзани со негување на традиционалниот македонски фолклор, во Центарот за култура, работи КУД Русалии, кои со своите членови (околу20), го презентираат народното фолклорно богатство.
Обучувајќи и внесувајќи ги новите членови во уметноста на фолклорните игри и традиционални кореографии, учествуваат во реализацијата на програмските активности на Центарот за култура.
Друштвото КУД Русалии работи и опстојува од 1913 година.Корените на друштвото се од Кукушко. Имаат земено учество на Илинденските денови 24 пати досега. Имаат настапувано на Меѓународниот саем на фолклор во Загреб.

 

Новости

Годишен концерт на ООМУ Боро Џони

Ве известуваме, дека на ден 19.05.2015 година, ООУМ Боро Џони ќе го одржи својот годишен концерт. По тој повод ве по...

03.06.2015 год. - Крвави Свадби од Фредерико Гарсија лорка во режија на Љупчо Ѓоргиевски

03.06.2015 година КРВАВИ СВАДБИ од Фредерико Гарсија Лорка во режија на Љупчо Ѓоргиевски Цената е 100 денари, 50 д...

СИМФОНИСКИ КОНЦЕРТ- МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА, 21.05.15 ГОД.

Почитувани, на 21.05.2015 година во НЦУК Антон Панов, Македонската Филхармонија ќе одржи СИМФОНИСКИ КОНЦЕРТ. В...