Нормална големина на буквите Зголеми ги буквите Зголеми ги буквите Испечати ја оваа страница

Профил

Почнувајќи од 06 Април, 2004, со измените на одредбите од новиот закон за култура на Р Македонија, трите претходно самостојни организации : Дом на култура, Уметничка галерија и Народен театар Антон Панов, се интегрираа во една заедничка органузација, под името Национална установа Центар за култура Антон Панов - Струмица.

Објектот на Центарот за култура Антон Панов - Струмица, е една инпозантна градба од 5560 м2 изграден од самопридонес на граѓаните, пуштен во употреба од 01.05.1986 година, како Дом на културата Благој Јанков Мучето.
Народниот театар Антон Панов, е основан 1949 година.

Просторни капацитети и кадровска екипираност на објектот

Голема сала: 600 седишта
Мала сала: 150 седишта
Мала сцена: 100 седишта
Фоаје: 70 седишта, 320 м
Изложбен простор: 207 м
Ателје скулпторско: 100 м
Библиотека интерна: 2000 книги

Организација и кадровска структура

Активностите се водат во три сектори
I.   Драмско-сценска дејност
II.  Музичко-концертна дејност
III. Изложбено-галериска дејност

Националната установа Центар за култура Антон Панов,Струмица, во рамките на своите програмски активности реализира годишна програма како производ на активностите на трите сектори кои работат и делуват во истиот. Имено, програмата на центарот е сублимат на активностите од : Драмско сценскиот, ликовнио-галерискиот и музичко концертниот сектор.

Културниот центар Антон Панов, Струмица го организира, консолидира и води целокупниот културен живот во градот.
Центарот е средиштето на сите културни збиднувања во градот и околината (Претстави, изложби, концерти, промоции на книги, литературно музички средби, презентации,).Основната цел и активност на Центарот е да ги едуцира граѓаните , посебно младата популација, анимирајќи ја нивната културна креативност, зачувувањето и негувањето на традиционалното културно наследство и творештво и стварање на една културолошки чувствителна и образована публика.

 

Новости

5- ти Фестивал на Источно Црковно пеење

Во организација на НЦУК Антон Панов и на Струмичката Епархија, на ден 06.06.2015 година, во Храмот Св.ПЕТНАЕСЕТ ТИВ...

13 - та РЕГИОНАЛНА РЕВИЈА НА ПЕСНИ, МУЗИКА И ИГРИ

Во Струмица на ден 02.06.2015 година, во организација на Сојузот на Здруженија на Пензионери на Македонија, во НЦУ...

23.05.2015 год. - ШУМА од А.Н.Островски во режија на Драгана Таневска

23.05.2015 година ШУМА од А.Н.Островски во режија на Драгана Таневска Цената е 100 денари. 50 денари е за лица до 29 ...