Нормална големина на буквите Зголеми ги буквите Зголеми ги буквите Испечати ја оваа страница

Премиера на „Феничанки“

Премиера на „Феничанки“

„Феничанки“ од Еврипид, во режија на Стојан Стојаноски премиерно беше изведена синоќа на сцената на Струмичкиот театар Антон Панов.

Во неа доминираат универзалните вредности, човечката суета, борбата за пари, љубовта и нуди интересна приказна за една фамилијарна борба за власт.

„Претставата не е херметички затворена, не е некоја изотерична претстава, мислам дека има комуникација со публиката“, рече Стојан Стојаноски, режисер на претставата.

„Но, од друга страна оваа претстава е базирана на еден виш репертоар на нешто коешто е сам врв во светската драматургија“, додаде Стојаноски.

Во претставата играат актерската екипа на Струмичкиот театар и гостинката од штипскиот театар, Руиш Беговска.

Со „Феничанки“ Струмичкиот театар ќе гостува на Битфест на Хераклеја, на Фестивалот на античка драма во Стоби и на Дојранските ракувања.

Еве дел од премиерното представување кое се одигра синоќа во Струмичкиот театар Антон Панов.







 

Новости

Годишен концерт на ООМУ Боро Џони

Ве известуваме, дека на ден 19.05.2015 година, ООУМ Боро Џони ќе го одржи својот годишен концерт. По тој повод ве по...

03.06.2015 год. - Крвави Свадби од Фредерико Гарсија лорка во режија на Љупчо Ѓоргиевски

03.06.2015 година КРВАВИ СВАДБИ од Фредерико Гарсија Лорка во режија на Љупчо Ѓоргиевски Цената е 100 денари, 50 д...

СИМФОНИСКИ КОНЦЕРТ- МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА, 21.05.15 ГОД.

Почитувани, на 21.05.2015 година во НЦУК Антон Панов, Македонската Филхармонија ќе одржи СИМФОНИСКИ КОНЦЕРТ. В...